Прашања односно барања кои Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија предлага да се разгледаат на седници на советот за социјална сигурност
2.2.2025Согласно членот 117- а од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, предлага на седници на Советот за Социјална сигурност да се разгледаaт следните прашања односно барања и тоа:
1.Како прво и основно прашање кое предлага да се разгледа е барањето, усогласување на пензиите да се врши два пати во годината и тоа од 1 јануари и од 1 јули во тековната година
Со усогласување на пензиите од 1 јануари и 1 јули во тековната година нема на пензионерите да им се ускратуваат 4 месеци од тековното усогласување (за јануари, февруари, јули и август). Ова право тие го користеа до 2019 година и неосновани се аргументите дека пензиите треба да се усогласуваат од 1 март и 1 септември заради добивање на податоци од Републичкиот завод за статистика,затоа што усогласувањето може да се исплати како разлика и тоа право им следува на 340.000 пензионери.
2.Зголемување на лимитот на пензијата од 18.000 денари на 25.000 денари до кој износ пензионерите ќе се ослободени од болничка партиципација
Барањето е многу значајно бидејќи со зголемувањето на пензијата за 2.500 + 2.500 денари нема да има кoрисник на пензија што ќе користи болничка партиципација со што пензионерите со зголемување на пензиите за 5.000 денари не би требало да ги губаат другите права кои до сега ги користеле. Советот да го следи реализирањето на ова право.
3. Истовремено функционирање на теренски лекар и подвижна аптека
Истовремено функционирање на теренски доктор и подвижна аптека целосно е оправдано бидејќи старото лице не траба да оди во град да ги набавува лековите.Доколку не фунцинираат истовремено тогаш заштитата на старото лице не е обезбедена.
4. Покренување на Иницијатива за измена на Законот за задолжителни социјални придонеси, Фондот на ПИОМ да не плаќа придонес за здравствено осигуруваиње на месечната исплата на пензиите
Сојузот смета дека Фондот треба да биде ослободен од обврската да плаќа придонес за здравствено осигурување од 13% затоа што пензионерите додека биле осигуреници плаќале задолжителен придонес за здравствено осигурување со право сега тие да ги користат здравствените услуги.Во денешни услови овој придонес на месечно ниво изнесува околу една милијарда и доколку Фондот на ПИОМ не го плаќа позитивно ќе се одрази на намалување на тековниот дефицит на Фондот.
5. Покренување на Иницијатива за измена на Законот за здравствено осигурување и на дете на стар родител му се обезбеди право да користи паричен надоместок
Се смета дека ова решение е во интерес и на поединецот и општеството бидејќи возрасното лице одреден период ќе го негуваат своите деца и ќе се спречи сместување на пензионерите во институции,што не е хумано и рационално.
6. Дополнување на Позитивната листа на лекови и со предлози дадени од Комисијата за здравство и социјална политика на Сојузот
7. Изградба на државни старски домови и други форми и облици за социјално домување
Долги години пензионерите бараат изградба на државни старски домови со цени на сместување кои ќе одговараат на нивото на македонските пензии.
Познато е дека има голем број приватни домови но цените се високи за најголем број на пензионери, а пензионерите бараат субвенционирање во тие цени. Во спротивно, прашањето станува се посериозно бидејќи системски не се решени ниту социјалните сервиси, а исто така не постои интерес за изградба на старски домови од општините иако согласно член 22 од Законот за локална самоуправа тие имаат непосредна надлежност да се грижат за пензионерската популација.
Сојузот предлага да се донесе од Владата Национална прогрма за сите форми и облици за социјално домување на пензионерите, со рокови, одговорни субјекти и извори на средства.
8. Решавање на прашње за потребите од геријатриски простор
За сместување во гријатрија чекат постојано голем број на пензионери кое прашање е акутно и повикува на изнаоѓање на решенија.Има предлози во рамките на здравствените домови или напуштени пензионерски домови со кои стопанисува Фондот на ПИОМ (Социјален борец-Битола) да се решава ова значајно прашање.
9. Повторно воведување на климатско-бањска рекреација за пензионерите
Подолг период пензионерите го бараат ова право кое има превентивна улога и активно трето доба како и подобрување на материјалниот статус на пензионерите.
10. Барање од Фондот на ПИОМ за осигуреници кои се 3 или 5 години пред пензионирање да им се утврдет податоците во матична евиденција како готови да се користат во постапката при донесување на решение за пензија
За да се оствари овој проект не се потребни законски иземни туку внатрешна обврска на Фондот со предлог во постапката при утврдување на конечни податоци, по потреба, да учествува и осигуреникот. На овој начин рокот за донесување на решение ќе биде краток и ефикасен. Ова прашање може да се реши со сукцесивен опфат на филијатите на Фондот и ќе остане само да се утврдат податоците за идниот пензионер, за тековната година кога се остварува правото на пензија.
11. За подобрување на материјалниот статус на пензионерите се предлагаат еднократни давања пред празници (Нова Година, Велегден и др.)
12. Поднесување на барање во Законот за здруженија и фондации да се утврди посебна глава за пензионерското организирање како специфични граѓански организации. Ова барање ќе биде целосно обработено и образложено од Правно-Економскиот форум на Сојузот
13. До Социјалниот совет Сојузот ќе предложи и мерки за подобрување на финансиската состојба на Фондот со решенија во проширување на кругот на осигурениците не само по основ на класичен работен однос туку и по основ на имот и имотни права, лица кои работат, а немаат фирма и др.
-------------------------
Предложените прашања за разгледување пред Советот се следат и разгледуваат пред органите и телата на Сојузот. За одделни прашања Сојузот ќе подготви соодветен материјал.
Еден дел од прашањата ќе наметнат и потреба од измена на одделни закони, а некои се однесуваат на акти на Владата, а дополително од страна на Сојузот ќе се бара да се разгледуваат одделни прашања кои ќе се наметнат со својата актуелност и значење.
Со почит,
Скопје, 2025 година
Станка Трајкова, претседателка на СЗПМ