Новости

Комисија за здравство и социјална политика

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА

Комисијата за здравство и социјална политика при Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија го дава следното

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА

Во нашата држава во тек е спроведување на вакцинација против сезонскиот грип.

За таа намена, државата издвои средства за набавка на 80.000 вакцини наменети првенствено за лицата кои имаат поголем ризик, меѓу кои спаѓаат и лицата на возраст над 65 години.

Вакцината против грип истовремено има и значително превентивно делување во појавата на кардио - васкуларни компликации.

Од овие причини, апелираме пензионерите што помасовно да ја искористат оваа можност за бесплатна вакцинација.

СЗПМ