Новости

Под покровителство на Нејзината Екселенција, Претседателката на РМ, Проф. Д-р Гордана Сиљановска-Давкова

30 години Јубилејни Републички пензионерски спортски натпревари во организација на СЗПМ - 2026 Охрид

30 години Јубилејни Републички пензионерски спортски натпревари во организација на СЗПМ - 2026 Охрид

На 2 септември 2026 година во организација на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија во преполната сала на „Биљанини Извори“ во Охрид, се одржаа 30-тите по ред Републички пензионерски спортски натпревари, посветени на 80-годишнината од пензионерското организирање во Македонија и Денот на пензионерите, 20 септември. Оваа, една од најмасовните манифестации на која учествуваа над 500 пензионери, од кои 312 спортисти, се одржа во Охрид каде што кодомаќин и коорганизатор беше ЗП Охрид и Дебрца.

И како што е редот, по интонирањето на химната на нашата земја, прва на присутните им се обрати со одбрани зборови Претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија Станка Трајкова, која меѓу другото ја потенцираше важноста и значењето на оваа манифестација за пензионерите и рече:

-

Почитувани спортисти–пензионери, добредојдовте на 30-тите републички пензионерски  спортски натпревари во 2026 година. Посебна чест и задоволство ми претставува да го поздравиме присуството на Нејзината Екселенција, Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, со кое оваа  спортска пензионерска Олимпијада добива многу поинакво значење.

Спортски поздрави упатуваме и до  Илија Ристески и неговата делегација од Министерството за спорт. Со нивното присуство овој настан добива големо спортско значење, кое највозрасните тоа го заслужуваат.

Да упатиме топли поздрави од името на голем број присутни пензионери до Премиерот на Владата, Христијан  Мицковски,  кој од објективни причини не е  во можност да биде со нас, и да му  посакаме добро здравје и успех во работата.

Исто така, дозволете ми  посебен поздрав да  упатам до гостите од Словенија и тоа до претседателката на  Сојузот на  пензионерите на Словенија-ЗДУС, Зденка Јан и  Андреја Гроше Лотрич.

Но, денешниов ден немаше „Силно да светне ден“ без поддршката на градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, како и на претседателот на  здружението на пензионери од Охрид  и Дебрца,  Васил Маркоски, кој е кодомаќин на овој значаен настан за пензионерите.  Поздрав и до Здравко Петковски, претседател на Комисијата за спорт и рекреација во Сојузот, кој е доајен и е еден од креаторите на пензионерските спортски  активности. Во оваа прилика ги поздравувам и нашите пријатели од ХАЛКБанка и НЛБ Банка кои секоја година безрезервно помагаат на возрасната популација.

Потоа се наврати на историјата на Спортските пензионерски спортски натпревари кои се одржуваат по 30 пат

Во оваа прилика повторно ќе истакнам дека СЗПМ и Здруженијата на пензионери се граѓански организации кои  постојат  80 години  и се тампон меѓу власта и граѓанинот и ние само бараме слободен простор за да можеме без влијание да ги истакнуваме нашите барања и иницијативи и да влијаеме на политиките што се однесуваат на пензионерската популација.

Денес на 30-тите Републички спортски натпревари очекувам фер спортување и нека победат најдобрите, но мислам дека најважно е да се учествува и да му се честита на победникот. Затоа, горда  сум на сите вас што сите заедно  кога е спортот во прашање градиме соживот и другарство. Спортувајте, радувајте се  и поделете ја среќата со вашите колеги спортисти, секако и со Здружението кое ќе го освои преодниот пехар.

По нејзиното обраќање многу топло и инвентивно присутните ги поздрави Нејзината Екселенција, Претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, и рече:

Логично е да бидам меѓу вас, бидејќи и јас сум една од вас! Пензионирањето не е крај на активниот живот, туку почеток на нов животен циклус во којшто мудроста, знаењето и искуството доаѓаат до особен израз.

Што се однесува до легислативата,  пензионерите мора активно да бидат вклучени во креирањето на законите и одлуките кои директно ги засегаат. Кога се носат закони кои се однесуваат за пензионерите покрај експерти мора да учествуваат и претставници на пензионерите.

Спортот не е само физичка, туку и ментална вежба којашто го подобрува здравјето, го поттикнува дружењето и не’ учи да продолжиме да им се радуваме на успесите, но и полесно да се справуваме со неуспесите.

Во оваа прилика ќе го посочам примерот на Јапонците, познати како најдолговечен народ. Според нив една од најважните причини за тоа е вербата во филозофијата на „икигаи“, според која, секогаш постои причина за нашето постоење и цели што треба да ги оствариме. Тоа не движи напред. На учесниците им посакувам фер-плеј, витешка борба и успех, како и уште многу вакви натпревари во иднина.

По обраќањето на Претседателката на нашата држава проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова на присутните им се обрати Претседателката на Сојузот на пензионерите на Словенија, Зденка Јан која на словенечки ги поздрави присутните и рече:

-Почитувани пензионерки и пензионери, почитувани домаќини, драги пријатели од Северна Македонија, почитувани спортистки и спортисти! Ми претставува големо задоволство и чест што и оваа година сум повторно меѓу вас – овојпат во прекрасниот Охрид, по повод настан кој е посебен за вас, но и за сите нас. На спортистите им посакува успех, но сите вие сте победници со самотот тоа што сте учесници!

 

По нејзиното обраќање на присутните им се обрати Кирил Пецаков градоначалник на градот домаќин Охрид:

-Срдечен поздрав до нашата Претседателка на државата проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, до Претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија Станка Трајкова и до сите вас присутни. Секогаш е убаво кога во нашиот Охрид имаме можност да пречекаме гости и пријатели од целата држава, а особено кога поводот е една ваква убава манифестација. Републичките спортски игри за пензионери кои годинава се одржуваат јубилеен 30-ти пат се многу повеќе од спортско натпреварување. Тие се можност за дружење, размена на искуства, создавање нови пријателства и заедничко уживање во активниот живот. Вашата енергија, виталност и желба за спорт се за вистинска почит. Со своето учество покажувате дека годините не се ограничување, туку дека секоја животна возраст носи можност за нови активности, предизвици и убави средби. Упатувам благодарност до организаторите и до сите кои овозможија Републичките спортски игри оваа година да се одржат во Охрид.

Се надевам дека покрај спортските натпревари, ќе имате можност да уживате и во убавините на нашиот град и во гостопримството на охриѓани. Ви посакувам успешни настапи, добро расположение и многу убави моменти поминати заедно.

На присутните им се обрати и Илија Ристески од Министерството за спорт кој ги поздрави присутните високи гости и рече:

-Во име на Министерството за спорт, ми претставува особена чест што денес сум дел од овој прекрасен спортски настан, кој уште еднаш покажува дека спортот нема граници ниту возраст. Овие игри се доказ дека активниот живот, дружењето и спортскиот дух се вредности кои треба да ги негуваме во секоја животна доба. Ви посакувам многу успех, добро здравје, фер натпреварување и пред сè убаво дружење и позитивна енергија. Ви посакувам успешни пензионерски спортски игри!

Потоа на присутните им се обрати Здравко Петковски кој ги поздрави присутните и Словенија, посетија некои локации каде што се одвиваа натпреварите.

Како која дисциплина завршуваше, така беа прогласувани спортистите кои освојуваа прво, второ и трето место и им беа доделувани медали.

На крајот во салата за дружење беа прогласени поединците во 5 поединечни дисциплинии тоа: Стрелаштво: Бојкица Димовска - ЗП Охрид и Дебрца, Чедомир Митревски - ЗП Кичево; Шах: Лилјана Славевска - ЗП Центар, Томе Тодоровски - ЗП Битоала; Пикадо: Јованка Ристовска - ЗП Тетово, Ристе Паланов - ЗП Пробиштип;

Овие спортисти добија пехарчиња. Во салата за дружење беа доделени благодарници за придонес во пензионерското организирање, а посебно во спортот на: Министерство за спорт на РМ, Сојузот на пензионери на Словенија, Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков,  Претседателот на ЗП Охрид и Дебрца Васил Маркоски, Ѓорѓи Трпчески, Зоре Мицкоски, НЛБ Банка, ХалкБанка и плакета на Здравко Петковски. Благодарниците ги додели Претседателката на Сојузот Станка Трајкова.

Севкупен победник на 30-тите Јубилејни републички пензионерски  спортски натпревари беше  Здружението на пензионери Гази Баба, од Скопје, кое за првпат го освои севкупниот пехар по 55 години постоење. Во името на здружението пехарот го прими Претседателката на ЗП Гази Баба, Стојна Тодоровска. Второ место освои

здружението домаќин ЗП Охрид и Дебрца, третото место го освои ЗП Кочани и четвртото спортистите пензионери од ЗП Пробиштип.

Како резултат на добрата плодна и долгогодишна соработка на Сојузот со ХАЛКБАНК, банката на сите спортисти им донираше маици кои на спортистите им ги поделија Претседателот на Собранието на СЗПМ Добре Иванов и Претседателката на Сојузот Станка Трајкова. Претседателката на ЗП Гази Баба Стојна Тодоровска се зблагодари на своите спортисти, на Претседателката на СЗПМ Станка Трајкова и на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија и на градот Охрид како добар домаќин.

Со ова заврши уште едно спортско дружење на кое всушност победија сите што учествуваа на 30-тото  Јубилејно пензионерско спортско натпреварување, на 2 септември 2026 година, во Охрид.