Новости
Приговор и барање за итно запирање на постапката за упис на промени поради нерегуларност, фалсификување и непостоење на правен основ
ДО
ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТЕР
НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Лично до Анита Стамнова
Предмет: Приговор и барање за итно запирање на постапката за упис на промени поради нерегуларност, фалсификување и непостоење на правен основ
ПОЧИТУВАНИ
Со овој поднесок се обраќаме до Централниот регистер на РСМ, со цел да укажеме на сериозни незаконски дејствија и обид за противправен упис на промени во деловниот регистер на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, инициран од страна на нелигитимен “Иницијативен одбор”.
Ве известуваме дека од страна на ова самопрогласено тело е организиран собир под превезот “Собрание на здружение” кој е спроведен во целосна спротивност со Законот за здруженија и фондации, Статутот на здружението и Кривичниот Законик.
Имено при одржувањето на овој собир беа направени следните суштински процедурални повреди:
- Нелигитимно свикување и отсуство на повик: Повикот е свикан од неовластено тело (Иницијативен одбор), спротивно на статутарните процедури на Здружението.
- Непостоење кворум и лажирање на записник: Разликата до бројката 52 е вештачки создадена на тој начин што Иницијативниот одбор организирал и дозволил да гласаат присутни граѓани кои воопшто немаат статус на делегати во Собранието на здружението.
Оваа се случи на ден 4.11.2026 година кога нелигитимна група од пензионери се собрале во просториите на Здружението на пензионери Гази Баба и одржале некаква седница. Ваквата седница е нелигитимна, бидејќи седница на собрание има право да свика само претседателот на Собранието на Здружение на пензионери на Македонија.
Информирани сме дека на ова таканарешена седница присуствувале само 16 делегати, а за да може полноважно да се одлучува треба да присуствуваат најмалку 2/3 од вкупниот број на членови на собранието или најмалку 47. Другите присутни од 16-52 се пензионери, а можеби и други лица кои гласале како да се делегати (односно членови на собранието) и тие се злоупотребени од страна на Иницијативниот одбор. Тие со присуството на седницата и гласањето лажно се преставиле со цел да остварат некаква корист, односно да се донесе нелегална одлука.
Според член 161 од Кривичниотзаконик на РСМ Тој што на избори или гласање ќе гласи наместо друг или ќе гласа повеќе од еднаш ќе се казни........
Според член 165 од истиот закон службено лице во вршење на службата во врска со изборите или гласањето ќе го измени бројот на дадените гласови со давање или одземање или ќе го измени бројот на гласовите при пребројувањето или при објавувањето на резултатот ќе се казни...........
Овде постои кривично дело и фалсификување на службена исправа по член 361 од кривичниот законик како и кривично дело Измама по член 247.
Лицата кои биле неовластено присутни вкупно 36, а се преставиле дека се членови на Собранието на СЗПМ со своето постапување сториле кривично дело Лажно преставување по член 391 од КЗ на РСМ.
Направена е груба повреда и на Статутот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија од нелегуларно свикување и нелегитимно свикување на седницата, самата постапка на свикување и сите дејствија на ова седница се спротивни на одредбите од Статутот и непроизведуваат правни дејствија.Ваквото постапување содржи директни елементи на кривични дела предвидени во Кривичниот законик на РСМ и за овие дејствија веќе се преземаат чекори за поведување на соодветни кривични постапки пред судските органи.
Бидејќи донесените одлукиод ова нерегуларен собир се правно ништовни и се резултат на фалисификат врз волјата на членството, БАРАМЕ ОД ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТЕР НА РСМ
Итно да ја запре, односно да ја одбие секоја евентуална пријава за упис на промени (промена на оластено лице, статут или органи на управување)која произлегува од овој нелегитимен собир и нерегуларно гласање.
Да не дозволи правен промет на акти кои се предмет на фалисификат и измама, со цел да се спречи настанување на ненадомеслива штета врз имотот, сметките и легитимното функционирање на Здружението на пензионери.
Во прилог на ова барање дополнително ќе Ви доставиме материјални докази.
СОЈУЗ НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ НА МАКЕДОНИЈА
Претседател,
Станка Трајкова
