Новости

Извадок од ЗАПИСНИКОТ од триесет и четвртата (34) седница на Извршниот одбор на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија одржана на 3 април 2026 година

На 3 април 2026 година, се одржа 34–та седница на Извршниот одбор на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија. Со седницата раководеше претседателката на Извршниот одбор и претседател на СЗПМ Станка Трајкова. На седницата покрај членовите на Извршниот одбор, присуствуваа: Добре Иванов, претседател на Собранието на СЗПМ, Митре Стојановски, претседател на Надзорниот одбор на СЗПМ и Марија Моневска претседателка на Кординативното тело на Активите на пензионерки. На седницата не присуствуваше  оправдано Калина Сливовска-Андонова.

По доста обемниот дневен ред и дискусиите на речиси сите по сите точки, Претседателката Трајкова предложи по последната точка да се дискутира на темата “Состојбите во пензионерското организирање и рече:

-Во последно време се брануваше нашето пензионерско организирање со тоа што во услови кога ние овде во Сојузот работевме макотрпно, на три-четири сериозни релации, а тоа беше подготовката на важниот Јубилеј, 80 години од пензионерското организирање, подготовките на Републичката и на регионалните  ревии, потоа нашето учество како Сојуз да партиципираме на јавните трибини по новиот Закон за здруженија и фондации, тука во Сојузот имаше една таква мобилна и тешка атмосфера, а на теренот, за жал се случуваа работи кои што навистина лично мене ме погодија, а верувам и Вас како членови на ИО. А имено, јавно ќе проговорам оти за нештата треба да се дискутира отворено ако сакаме да ги решаваме работите, односно за сите предизвици во пензионерското организирање.

Сакам да ве информирам дека  наш делегат од ИО, Ристо Нетков, со негов активизам одеше од  делегат на делегат по ЗП и ги убедуваше да гласат против претседателката и раководството на Сојузот за нивна смена од причини најверојатно познати само на него. Делегати кои биле контактирани, биле доведени во незгодна ситуација. Се прашувале: Што е ова што се случува?

Почитувани, ќе се согласите дека ние во изминатиот период борба водевме за да ја задржиме нашата организациона поставеност, да го задржиме солидарниот фонд, онаков како што е, ние овој изминат период заедно со Вас, се залагавме и имавме активности, здруженијата меѓусебно да ги приближиме заедно со Сојузот, да не дозволиме тие да се приклучуваат кон некои групи на протести кои се одвиваа надвор од здруженијата, а нашата определба беше сите наши барања да ги остваруваме преку институции.

Во тоа успеавме. Ние имавме прекрасна интеракција како Сојуз со здруженијата за кои било прашања што се поставуваа и појавувааа и за кои беа известени и ЗП и ИО. На оваа седница на ИО вие сега ќе кажете дали ние имавме некаков проблем во решавање на прашањата, дали ние овде демократски не работевме, дали овде секој има право да го каже своето мислење, да се прифати неговиот предлог и сето тоа да биде во интерес на пензионерите.

 Работејќи така. ширејќи ја таа енергија и преку весникот „Пензионер плус“, преку емисијата „Трета доба“ и во медиумите, ние успеавме да докажеме дека сме сериозни и кредибилни граѓански субјекти како здруженијата, така и Сојузот. Со оглед на тоа  дека здруженијата и Сојузот се  граѓански субјекти кои постојат скоро 80 години и сè уште се одржуваат онака како што им доликува на лицата возрасни со толку многу искуство и знаење.

И замислете, во година на избори, во година кога сме во пресрет на јубилеј 80 години, каде што се поканети гости, членови на Собрание, ИО, претседатели на ЗП, надворешни гости, каде што ќе се говори за значењето на пензионерското организирање историски гледано наваму до денешен ден, да се прават такви активности на седница на Собрание да се постави прашањето за разрешување на претседателката  и останато раководство.

 Ве молам дали во година на избори да се покренуваат вакви активности и ваков активизам е во ред? Ние секоја година подготвуваме Препораки кое заеднички ги правиме како треба да се однесуваме кога се одржуваат избори. Една, од основните препораки беше изборите да бидат редовни, фер, демократски, а не се препорачуваа некакви упади да се сменуваат раководства, туку да си оди по регуларен пат каде на избори секој има право да аплицира, тогаш делегатите имаат полно право да го извршат својот избор, да го изберат најдобриот кандидат и да одлучат за што е најдобро, истакна Претседателката Трајкова.

Потоа по ова прашање Претседателкта Трајкова  отвори дискусија дa се произнесат членовите на ИО бидејќи се работи за наш член на ИО, со кој соработувавме, и дали тие очекувале едно такво однесување и дали тоа треба да се оправда или не треба да се оправда. Затоа треба денес отворено сите да проговорат.

По оваа прашање за дискусија се јавија сите членови на Извршниот одбор и тоа: Снежана Андова, Илија Ивановски, Данче Даскалова, Даница Петличкова, Митко Стефановски, Славко Трајковски, Ресул Бектеши, Софија Симова, Горица Михајлова, Борис Сивевски, Добре Иванов, Коста Костовски, Марија Моневска и Музафер Муртезани.

Сите дискутанти беа изненадени од  активностите кој ги имал членот на Извршниот одбор Ристо Нетков кој ги убедувал делегатите да гласат против претседателката и раководството на Сојузот. На ниеден член на ИО не му е скратено правото да дискутира, да дава забелешки, да предлага, да не се согласува со одредени ставови и одлуки на Сојузот. Во работата на претседателката  во изминатиот период немаше забелешки. Со нејзиното поставување за претседател на Сојузот се измени родовата структура, се зголеми бројот на жени претседателки на здруженијата. Кога беа протестите на поедини групи на пензионери од страна на претседателката се носеа одлуки за смирување на ситуацијата и не се дозволи да се одржат масовни протести и да не се вклучуваат како правни субјект.

За работата на Сојузот во изминатиот период извештаите се разгледуваа на седници на ИО и на Собрание, досега немаше никакви забелешки. Исто така, финансиските извештаи на Сојузот подлежат и на согледување од Независна ревизорска куќа. По тие извештаи секогаш е дадено позитивно мислење без забелешки. Работата на Сојузот беше предмет на ревизија од страна на УЈП која 5 години наназад  ги гледаше документите и не најде ни една замерка, ни една грешка, дека не е платен данок, дека поминала некоја трансакција  без да се плати данок или да се најде некоја друга забелешка. Исто така независната ревизија од независен ревизор која што се изврши, тука беше прочитано и решението објавено согласно Законот за здруженија и фондации.

Според Статутот, во член 15 стои дека Собранието кога може да ги разреши, претседателот на Собранието, членовите на ИО, Надзорниот одбор и членовите на Статутарната комисија. Не случајно тука го иземале претседателот на Сојузот, туку е со цел да се заштити Сојузот.  Според тоа не постои основ за разрешување на претседателот на Сојузот, бидејќи не постои документ за кривична одговорност, и не е поднесено барање за оставка.  Сите тие треба да се извинат, да се поклонат пред неа за грешката што тие ја направија. Меѓутоа, дали не е доволно, ревизијата од УЈП која 5 години наназад ги гледаше документите и не најде ни една замерка?

Сите дискутанти се изјаснија позитивно за претседателката и благодарност за досегашната работа за овој период.

Господинот Ристо Нетков, беше повикан да земе збор да не запознае што се тие негативни работи, за работата на претседателката.

Тој се заблагодари и рече дека ќе биде најкраток и ќе го искористи правото на молчење.

Потоа, Претседателката Трајкова додаде дека кога не сакате да го искористите правото на говор, ако го користите правото на молчење навистина не гледам простор за тоа која ви беше целта да бидете тука. Јас мислам дека имате време да се корегирате и повторно да се вклучите во активностите на Сојузот, со Ваше корекно однесување.

 Делегатот Митко Стефанов од Радовиш предложи да се донесе заклучок со тоа што на претседателката Станка Трајкова  да и се даде целосна подршка  на досегашното работење  и идните заложби за успешно работење на Сојузот. По завршените дискусии, претседателката Трајкова рече:

-Почитувани делегати јас се потрудив во работна верзија да направам одредени заклучоци и тие да се предложат на Извршен одбор на усвојување и да    бидат трага од оваа наша седница. Дозволете ми да ги прочитам, а на крајот ќе го додадам заклучокот предложен од Митко Стефанов. Имате право да побарате дали заклучоците се компатибилни и со дискусиите што вие ги дадовте, дали се во согласност со законската регулатива, со добрата практика на однесување на наш член на ИО и доколку имате поинакво мислење секогаш стојам на располагање истите да се дополнат. Но, последниот ваш заклучок што го дадовте тука беше дека се дава целосна поддршка на претседателката на Сојузот, и тој да биде доставен до Собранието на Сојузот.

Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија на седницата на ИО на 3 април 2026 година ги донесе следните:

ЗАКЛУЧОЦИ

1. Извршниот одбор на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија  го осудува и не го поддржува дејствувањето  на својот  член на Извршниот одбор  Ристо Нетков, кој како организатор деструктивно работи со барање и притисок на делегатите на Собранието за смена на претседателот на СЗПМ и целото раководство на седница  на Собранието, без за тоа да има  објективни причини.

2. Согласно Статутот и другите акти Извршниот одбор ги подготвува седниците за Собранието, по претходно проучување на материјалите  од Стручната служба односно Извршниот одбор и како утврден  предлог се доставуваат за  разгледување и одлучување  на седницата на  Собранието на Сојузот.

3. Согласно Статутот на Сојузот и статутите на здруженијата  изборите се вршат на четири години кои според Препораките на Сојузот треба да бидат фер, демократски и без каков било притисок.

4. Со оглед дека се работи за одбележување на Јубилеј 80 години од постоење на пензионерско организирање, а се работи за година на редовни избори во Здруженијата и Сојузот, Извршниот одбор, го  осудува дејствувањето на нашиот делегат Ристо Нетков од  Извршниот одбор да делува спротивно на препораките на Собранието, кој може   без пречка да се вклучи во редовната постапка на изборите, доколку ги исполнува утврдените услови во Статутот на Сојузот и препораките на Собранието на Сојузот.

5. Доколку за жал  се продолжи да не се почитуваат правилата и принципите на работењето на здруженијaта и Сојузот, a се продолжи деструктивното однесување на делегат Ристо Нетков  во насока на подривање на пензионерското организирање  ќе се разгледа и прашањето за преземање на поригидни односно построги мерки за   да се застане пред предизвикот кој не е во интерес на корисниците на пензија. 

6. Извршниот одбор на седницата и даде целосна поддршка на претседателката Станка Трајкова за нејзината досегашна работа и идните заложби за успешно работење на Сојузот.

Откако ги прочита Претседателката Заклучоците, таа праша дали делегатите се согласуваат со заклучоците. Дали тие отстапуваат од она што сега го дискутиравме или не? Дали овие заклучоци според ваше мислење се вистинити и дали во нив има некакви тајни? Мора да работиме транспарентно, јавно да се бориме за правдата, да се бориме за вистината. Ако е така, овие Заклучоци треба да најдат место во „Пензионер плус“. Треба да бидат обзнаени и не треба да бидат никаква тајна. Затоа што ние на никого ништо лошо не сме му направиле, напротив сме на страна на вистината и работиме во интерес на пензионерите, потенциташе Претседателката Трајкова.

Записникот го водеше Васил Пачемски