Новости

Лагите на Момчило не може да ја обезвреднат работата на Сојузот

Во врска со настапот на Момчило Петровиќ, претседател на ЗП Кисела Вода на Телевизија канал 5 го изјавувам следното:

Ги демантирам сите негови напади во однос на работата на Сојузот. Правилно и законито работење на СЗПМ се потврдува со Извештаите на органите на Сојузот, на Управата за јавни приходи, и оценките на независниот ревизор. Најмалку сакам опонент да ми биде Момчило, бидејќи тој самиот кажува дека има завршено „улична школа“ и дека е познат по „местенки“ во спортот. Затоа му препорачувам да се грижи за членовите на ЗП Кисела Вода, а работите на повисоко ниво да остави да ги решаваат угледни и компетентни луѓе.

Станка Трајкова, претседател на Сојузот