Новости
ВРАТИТЕ НА СОЈУЗОТ СЕ ОТВОРЕНИ, ПОДЕЛБИТЕ ГИ ПРАВИ МОМЧИЛО ПЕТРОВИЌ
Момчило Петровиќ не престанува со изнесување невистини и обиди за манипулација со јавноста и со пензионерите. Апсолутно не е точно дека вратите на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија се затворени за кого било. Напротив, Сојузот секогаш се залагал за единство и транспарентност и никогаш не правел поделби меѓу пензионерите. Поделбите ги создаваат токму поединци како Момчило Петровиќ, чие делување е проследено со континуирани лаги и манипулации.
Фактите говорат нешто сосема друго: Здружението на пензионери Кисела Вода секогаш било уредно и навремено поканувано на сите состаноци, но токму тој е оној што им забранува на своите делегати да присуствуваат на седниците. Неговата ароганција и неодговорност кон сопственото членство одат дотаму што секоја официјална пошта од Сојузот ја враќа назад, а не ги подигнуваше ниту спортските реквизити што им следуваат на пензионерите од Кисела Вода. Со ваквото однесување, директна штета трпат самите пензионери од оваа општина.
Се поставува логичното прашање: дали таков човек заслужува и треба да биде дел од раководството на Сојузот? Делегатите на ниво на СЗПМ од сите здруженија на пензионери низ државата сигурно нема да го дозволат тоа.
СЗПМ функционира целосно согласно прописите – членарината редовно и веднаш се префрла на сметките на здруженијата, кои понатаму самостојно си работат и располагаат со средствата согласно нивните статути. На крајот, пензионерите се тие што на идните избори самите ќе го дадат последниот збор и ќе одлучат демократски, фер и без каков било притисок.
СЗПМ
