Новости

Соопштение за јавност

Ја известуваме јавноста дека Собранието на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија (СЗПМ) ја одржа својата 9-та редовна седница на 3 ноември 2026 година.

На седницата детално беше разгледана Иницијативата за подобрување на работата на СЗПМ, поднесена од Иницијативниот одбор, како и финансискиот извештај за движењето на приходите и расходите на Сојузот за периодот јануари – септември 2026 година.

Членовите на Собранието дадоа целосна поддршка на раководството на СЗПМ со цел да продолжат и понатаму да работат во интерес на корисниците на пензија. Воедно, на седницата беше донесен заклучок: Сојузот и здруженијата на пензионери (ЗП) интензивно да отпочнат со подготовките за реализирање на редовните избори во ЗП и Сојузот, до крајот преостанатиот дел од 2026 година и во првиот квартал од 2027 година.