Инфо  

Галерии

Месеци исполнети со активности во ЗП Валандово

19.12.2023

По  завршувањето на  Републичките спортски пензионерски игри на кои ЗП Валандово  настапи со претставници во три диспиплини, освои едно второ место и тоа во дисциплината шах-жени. Ова е сепак успех за едно мало здружение како што е Валандово и предизвик да се работи на постигнување подобри резултати, Здружението продолжи со активностите во своето работење. Одржани се две седници на Извршниот одбор на ЗП, на кои се донесоа повеќе одлуки, меѓу кои доделување солидарни пакети за Денот на старте лица и  за Новогодишните и Божиќни празници,  еднократни парични помошти, отстапување на мебел-маси и столови за отворениот клуб во огранокот „Јосифово“,  учество на музичката ревија „Пензионерите пеат“  во Росоман,  организирање екскурзија до Крушево, и слично.
На седниците исто така, беа разгледани направените финансово-материјални трошоци за периодот  јануари – јуни и јануари –октомври,  Програмата за работа на Здружението и финансовиот план за 2024 година, како и други тековни прашања.
За Денот на  старите лица, беа поделени 50 пакети со прехрамбени производи на најстарите членови на Здружението и тоа на лицата родени до 1932-1933 година.  За истакнување е дека во општината имаме едно лице родено 1926 година, која исто така беше посетена од активистките на Здружението.
На 28. октомври 2023 во оргнизација на Локалната самоуправа и Градоначалникот на Општината, се организира традиционалната манифестација „Ракијада2023“  на која активистки од Здружението беа ангажирани за организација на пречек на гостите, меѓу кои и беше Премиерот на РСМ, Димитар Ковачевски.
На 6–ти ноември Денот на ослободувањето на Валандово,  делегација на ЗП  положи цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ, во градскиот парк „Пеонија“ во Валандово.  Во текот на месецот  повторно имавме акција за доделување на пакети во огранокот „Пирава“ на лица на кои им е неопходна помош, болни, осамени лица со најниски пензии. На покана од ЗП Штип, со кого имаме воспоставено  добра соработка, музичката група „Распеани  Пензионери“ настапија на концертот на „Пензионери-ветерани“ организиран од ЗП Штип. Во организација на Активистки од Дојран, беше организирана манифестацијата „Дојранска Софра“ на која  присуствуваа околу 30 пензионерки од  ЗП Валандово. Активностите  ги заокруживме со  еднодневната екскурзија до Крушево, каде  група од 50 пензионери поминаа еден прекрасен ден, во убавото Крушево и на кратка прошетка низ Прилеп.
Активностите ги продолживме и во текот на овој месец, со тоа што ќе се одржат седници на Извршниот одбор и Собранието, ќе се организира предновогодишна прослава за пензионерите, а нема да ги заборавиме ни пензионерите кои се сами, болни и оставени сами на себе. Активностите продолжуваат и понатаму.

Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3