Новости

ЗП Нeгoтинo

Нов дом за пензионери во Неготино

Нов дом за пензионери во Неготино

На 12 декември 2018 година беше пуштен во употреба нов дом за пензионери во Неготино. Тој ден на 8 пензионери им беа дадени клучевите од нивните нови живеалишта. Осум пензионери добија на користење гарсоњери во кои спокојно ќе ги минуваат своите пензионерски денови. На среќата и возбудата и немаше крај, бидејќи тој ден престана нивното селење од едно место на друго и нивното бесконечно малтретирање и нервирање. На овој убав настан во домот беа присутни членовите на Извршниот одбор на ЗП Неготино, како и повеќе пензионери. Домот го предаде  во употреба и ја пресече лентата, претседателот на ЗП Неготино Петар Захарчев кој им се обрати на присутните видно задоволен и при тоа рече:
-Конечно се реализираше нашата желба за нов пензионерски дом во Неготино. Како што гледате конечно го дочекавме и тој ден.
Имено, уште при изборот на ова раководство, истото побара од тогашниот градоначалник и од Советот на општината да се додели локација за изградба на пензионерски дом. И по четири години проблемот не беше рашен. И со доаѓањето на новиот градоначалник состојбата остана иста. Тогаш ЗП Неготино донесе одлука со свои сопствени средства да купи станбен објект кој потоа беше преадаптиран и беа направени 8 гарсоњери. При предавањето на клучевите беше организирана скромна  прослава со закуска за станарите и присутните.
Убав пример за домаќинско дејствување и работење. ЗП Неготино не е големо здружение по број на членови, но е голема неговата грижа за своето членство.