Новости

Предлог препораки за одржување на изборите во Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија и здруженијата на пензионери за мандатен период 2027-2031 година

 Врз основа на член 23 од Статутот на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, на седницата одржана на 23.3.2026 година, Собранието на Сојузот ги утврди следните:

ПРЕДЛОГ - П Р Е П О Р А К И

за одржување на изборите во Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија  и  здруженијата на пензионери за мандатен период 2027-2031 година

 

1.Според Статутот на Соjузот и статутите на здруженијата на пензионери изборите  се спроведуваат секои четири години.Со оглед на досегашната динамика на спроведување на изборите во здуженијата и Сојузот 2026 и 2027 година, се изборни години.

2.Основна цел на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија и Здруженија на пензионери треба да биде  спроведување на  правилни избори почитувајќи ги доследно  одредбите од статутите и другите акти со кои се регулирани изборите.

3. Изборите во здруженијата треба да се одржуваат во роковите кога истекува четиригодишниот мандат, заклучно со  февруари 2027  година или порано  за да може благовремено да се достават податоци за претставници од  Здружението за делегати односно членови на Собранието на СЗПМ.

4. Здруженија на пензионери кои претходно направиле избори потребно е со одржување на Собраниска процедура да предложат кандидати за мандатен период 2027-2031 година.

5. Согласно членот 13 став 2  од Статутот  на Сојузот  бројот на членовите на Собранието на Сојузот е во зависност од бројот на членовите на здружението, и тоа: Здруженијата до 8.000 членови бираат по еден претставник, а здруженијата со над 8.000 членови, бираат по двајца претставници.

6. Членовите за претставници во Собранието на СЗПМ не се бираат само по функција, туку и од останатите членови на здружението заради исполнување на пошироко делегатско учество во работата на Собранието на Сојузот ( став 3 од споменатата статутарна одредба) Целта на  оваа статутарно решение е  дека не треба  само претседатели на ЗП  да се предлагаат за делегати во Собранието на СЗПМ,туку да се постигне уравнотеженост во можноста делегати да се предлагаат и од пошироката делегатска база.

7. За претставници за членови на Собранието на Сојузот да се води сметка за образованието, компетентноста и стручноста на претставникот.

8. Посебно се нагласува, претставникот што ќе биде предложен за член треба да  биде угледен и чесен и почитуван во својата средина  и конструктивна личност што почитува  друго  мислење и подршка за значајни прашања во интерес на пензионерите

9.Се препорачува при предлагање на претставници за членови во Собранието на Сојузот да се внимава на националната и родовата застапеност. Истата препорака би требало да ја почитуваат и здруженијата при избор на своите делгати за Собранието на ЗП.

10. Делегатот има обврска да го информира здружението што го предложило за работата на Собранието на Сојузот.

11. Се препорачува како право и  обврска членовите на Собранието редовно да присуствуваат на седниците и сите потребни материјали за нивно запознавање Сојузот е должен да ги обезбеди

12. Членот на Собранието може да дава иницијативи и мислења за унапредување на работата на Собранието и соработува со претседателот на Собранието кој се избира од делегатите на Собранието.

13. Во годината кога се вршат избори се препорачува да  не се вршат измени на Статутите на здруженијата.

Скопје, март 2026 година

Собрание на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија
Претседател,
Добре Иванов