Новости

Демант и барање за објавување исправка на информација, упатен до ТВ АЛФА од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија

До: Трговско радиодифузно друштво АЛФА ТВ ДООЕЛ Скопје 
ул. „Качанички пат“ бб, Визбегово, Бутел

ОД: Сојуз на здруженија на пензионери на Македонија
 

Предмет: Демант и барање за објавување исправка на информација

Почитувани,

На 29 април 2026 година на Вашиот медиум како медиумска објава во ТВ дневник беше презентиран коментар од Вашиот новинар и од  Момчило Петровиќ, претседател на Здружение на пензионери – Кисела Вода, кој непоканет дојде во Сојузот иако не е член на Собранието. Коментарите и на едниот и на другиот се голема невистина, дека Момчило бил повикан за да се обезбеди кворум кој не беше спорен и утврден со прозивање на сите делгати.

 Изнесените   невистини за фалсификати и  финансиски малверзации во Сојузот ги дематираме со званични извештаи од Управата за јавни приходи  и Извештајот од независен ревизор со кои се потврдува правилно и законито работење на Сојузот.

Мислењето во  Извештајот  на УЈП е објавен и во весникот “Пензиoнер плус”,а Извештајот од независниот ревизор се доставува секоја година до Влада, а заради трнаспарентност се објавува и на ВЕБ страницата на Сојузот.

Му се прeпорачува на Момчило Петровиќ  прво да си ги среди работите во своето здружение Кисела Вода, да ги почитува и применува препораките на Сојузот  како што тоа го прават другите здруженија, a не да  изнесува невистини во јавноста од причини кои само на него му се познати.

Служба за информирање на СЗПМ