Новости

ЗП Тетово

Потпишана спогодба за соработка со општина Желино

Потпишана спогодба за соработка со општина Желино

На 18 јуни 2019 година во салата за состаноци на општина Желино се потпиша Спогодба за соработка помеѓу Зружението на пензионери Тетово и општината Желино на чија територија делуваат два огранока на здружението.
Идејата за потпишување на оваа Спогодба беше на иницијатива на раководството на огранокот на пензионери од Желино и истоимената општина уште во месец март 2019 година за  време на изборите за членови на Одборот на огранокот од Желино, кој што се одржа во зградата на општината.
Спогодбата за соработка во свечена атмосфера ја потпишаа од страна на ЗП Тетово претседателот на Извршниот Одбор Селвер Мемети, а од страна на општината Желино градоначалникот Блерим Сејдиу.
Градоначалникот Блерим Сејдиу срдечно ги поздрави присутните и со  видно задоволство истакна дека го  поддржува потпишувањето на оваа спогодба и дека ќе се залага истата да се реализира во целост, со што ќе им се овозможи на пензионерите кои живеат на подрачјето, вклученост  во разни културни и спортски манифестации,  доколку истите се одржуваат во организација или на територијата на општината, како и учество на претседателите на ограноците во работата на телата и органите на општината, кога на дневен ред ќе бидат прашања и проблеми кои директно ги засегаат интересите на пензионерите од оваа општина, но и на останатите граѓани. Исто така ќе бидат ставени на располагање сите општински простории за потребите на пензионерите со усогласување на термините со општинското раководство.
Во знак на досегашното разбирање и успешна соработка, како и  желба за уште поуспешна соработка, претседателот на ИО на ЗП Тетово на градоначалникот на општина Желино му додели благодарница и Монографија на тетовското здружение.

Свето Димовски