Новости

Изјава на Станка Трајкова, претседателка на СЗПМ за усогласување на пензиите

Една од основните цели на Сојузот на здруженија на пензионерите  на Македонија е  редовна исплата на пензиите и нивно тековно  усогласување.
Заради  одржување на реална вредност на пензиите, Сојузот смета дека во формулата за пресметување на процентот за усогласување на пензиите , покрај порастот на индексот на трошоците на животот, треба  да се земе предвид  и дел од порастот на платите.
Ваквото  системско решение ќе овозможи избалансираност на овие два параметри и на тој начин секогаш ќе има соодветно усогласување на пензиите.
Доколку се зема само еден параметар и тоа само   порастот на трошоците на животот, а платите растат повеќе, тогаш ќе бидат фаворизирани вработените, а пензиите ќе заостануваат. Со цел тоа не се случува, се   предлага комбиниран начин на усогласување на пензиите како системско решение со дел од порастот на платите и дел од  трошоците на животот.
Што се однесува до вонредното усогласување на пензиите би требало да се пристапи внимателно, со цел да не се нарушат соодносите на пензиските примања