Новости

Грижата на Сојузот за здравјето на своите членови продолжува да се реализира

Грижата на Сојузот за здравјето на своите членови продолжува да се реализира

Според Меморандумот склучен помеѓу Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија и клиниката „Жан Митрев“ – Скопје, се реализира. На 15 мај 2023 година тимот на клиниката изврши бесплатен преглед на 18 пензионери со кардио-васкуларен ризик во здружението на пензионери од Виница,.

На 16 мај ќе се вршат прегледи на пензионери од Кочани, на 17 мај во Мкедонска Каменица и на 18 мај во Делчево.
Во наредните месеци бесплатните прегледи ќе продолжат, а распоредот благовремено ќе биде објавен.
Овој проект е уште еден доказ за грижата на Сојузот за здравјето на своите членови.