Програма

  Врз основа на член 13, став 1 и 5 од Статутот на пензионерите, Собранието на својата редовна седницџа одржана    11-03-  2025 година        ја донесе следната;

П Р О Г Р А М А

 

За работа на  Здружението на пензионерите Кичево за 2025 година

 

Годишната програма за работа на ЗП Кичево се изготвува секоја година која се заснива врз целите и задачите на Здружението на пензионерите според член 6 од Статутот.Во програмата за 2025 година се опфаќаат и активностите кои  се започнати во тековната 2024 година.

1.Здружението на пензионерите – Кичево ќе се залага за заштита на  права на корисниците на старосна и семејна пензија:

-редовна исплата на пензиите на сите корисници на пензии, за нивно усогласување според најновите законски прописи , според животните трошоци  за цела година и порастот на платите во Републиката,

- Ќе се залага за подобрување на животниот стандард на пензионерите и за целосна здравствена заштита и социјална заштита.

ЗП Кичево ќе соработува со фондот  за пензиско осигурување и фондот за Здравство, како и активно ќе соработува со Општинската организација на црвениот крст во Кичево.

ЗП- Кичево  ќе се залага за целосно ослободување на пензионерите за плаќање на партиципација кај   матичните доктори и ослободување од плаќање на пензионерите при болничко лекување,

ЗП ќе се залага за проширување на позитивната листа на лекови и осовременување  на аптеките со нови лекарства., според потребите на пензионерите.

ЗП ќе се залага за сместување на пензионери со пониски пензии и без решено стамбено прашање.  ЗП сссместени во домот на пензионери, ќе им помага на пензиоинерите за снабдување со огревно дрво и животни намирници,

ЗП активно ќе соработува со Домот на културата,“Кочо Рацин“, со медицинскиот центар, со АРМ Кичево, со детската градинка “Олга Мицеска“ каде се сместени деца со посебни потреби, а основно ќе соработува со локалната самоуправа која според член 22 од Законот за Локална самоуправа и други законските прописи е должна да им помага на пензионерите.Кои се организирани на територијален прицип во општината со 11 месни пензионерски ограноци.

ЗП Кичево ќе одржува работни средби со здруженијата од Западниот регион за размена на програмски искуства, дружење и помагање

ЗП Кичево активно ќе ја продолжи соработката со Сојузот на пензионерите на Македонија, ќе го добива весникот “Пензионер плус“ и “Коха“, кои се доста читани меѓу пензиоинерите, ќе доставува записници од наши седници и ќе добива такви материјали и од Сојузот, писма препораки и други материјали.

Во поглед на културното живеење и рекреација и спортско живеење во текоит на 2025 година ЗП Кичево ќе ги следи препораките и  активностите на 

-Сојузот на регионален и Републички манифестаци и ќе биде во тесна соработка со комисиите за културна и спортска рекреација при Сојузот.

Во текот на 2025 година за пензионерите од ЗП Кичево ќе организира повеќе  екскурзии и дружења и тоа:

Кичево – Пробиштип, посета на Лесновски манастир и посета на грсдот Штип.

Есднодневна екскурзија:Кичево Скопје и  посета на езерото Козјак .

Едноидневна екскурзија ; Кичево – село Смилево со посета на куќата на Даме Груев  и посета на градот Крушево,  црквата на Тоше Проескли и музејот на Проескиво Кружево

Во пролета на годинава ќе се реализира еднодневна  екскурзија од минатата година:

Еднодневна екскурзија : Кичево село Леуново, со посета на куќата на Чеде Филипоски –Даме, обиколка на Мавровско езеро село, Никифорово, Маврови Анови и посета на село Галичник.

Во тековната 2024 гоидина Здружението ќе посвети внимание за активирање на клубот на пензионери каде навистина тој ќе биде нивно катче за рекреација, забава и одмор,

Активот на жени пензионерки активно ќе се вклучат  за одбележување на  денот на жената 8 март, денот на ослободувањето на градо Кичево 11 септември, организирање на куси екскурзии во околината на градот.Манастирот Света Богородица –Пречиста, манстирот Цв. Ѓорѓија во село Кнежино, Соработка со здруженија од нашето сосетство, ќе помагаат во посета на стари и изнемогли пензионери,, деца со

посебни потреби,учество во културните и спортските манифестации и други активности.

ЗП Кичево во тековната 2025 година планира да се обрати до Локалната самоуправа, како и да направи финнансиско побарување преку амбасадата на Република Италија за внесување на санитарни чворови во секоја соба каде живеат пензионерите.

Оваа програма е насочена кон поактивна соработка со месните ограноци како основни клетки во пензиоинерското живеење и работење.Само преку ограноците ќе се сегледа правата состојба од животот на пензионерите.

Оваа програма е постојано отворена за секој нов предлог од органите и телата на пензионерскоито работење, може да се надополнува во склад со финансиските можности на здружението.

 

Здружение на пензионери Кичево
Претседател на Собраниие,
Мехмед Мехмеди,
Претседател на Извршен одбор,
Душан Ристоски