Програма
ПРОГРАМА
НА ЗП МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА
Здружение на пензионери на Македонска Каменица секоја година донесува Програма за работа на Собранието, Извршниот Одбор, Комисиите, Активот на пензионерки и огранокот со цел пензионерите да имаат активно стареење.
Здружението главно делува на во овие насоки:
- Заштита на стандардот на членството;
- Подобрување на здравствената заштита преку предавања, прегледи и друго;
- Учество на Музички ревии на оро песна и игри организирани од СЗПМ;
- Учество на Спортски натпревари;
- Соработка со општината, со Црвениот крст и други невладини организации;
- Зацврстување на солидарноста на пензионерите преку волонтерство и други форми;
- Одобрување на 10% партиципација за бањско-климатско лекување на болни и изнемоштени пензионери со ниски примања, еднократна неповратна помош, како и доделување на солидарни пакети во соработка со општината.
- Доделување на средства при природни катастрофи, пожари, поплави и друго;
- Организирање на Манифестацијата Банина баница на манастирско-туристички локалитет - Еленец, која прерасна во Манифестација од Меѓународен карактер. Овој настан е единствен по содржината во Републиката.
- Здружението ќе продолжи и во иднина да изнаоѓа нови содржини на активности со цел пензионерите да имаат активни и посодржајни пензионерски денови.
- Актив на жени-пензионерки постојано ќе се труди да опфати што поголем број пензионерки во своите активности
- Здружението ќе продолжи и во иднина да изнаоѓа нови содржини на активности со цел пензионерите да имаат што посодржајни пензионерски денови
ЗП Македонска Каменица |
