Програма

ПРОГРАМА
за работа на Здружението на пензионери ДОЈРАН за 2015 година

Собранието на Здружението на пензионери ДОЈРАН и неговиот Извршен одбор во 2015 година својата активност ќе ја насочат кон остварување на целите и задачите на Здружението утврдени во Статутот на Здружението, Деловникот за работа на Собранието и Извршниот одбор, како и активности кои ја унапредуваат социјално-хуманитарната страна во заштитата на пензионерската популација и обврските што произлегуваат од позитивните прописи од областа на социјалната заштита и пензиското и инвалидското осигурување.

АКТИВНОСТИ НА СОБРАНИЕТО

1. Посебна грижа за остварување на приходите на Здружението и правилно располагање со нив преку наменското користење на истите и благовремено исполнување на обврските према заедницата, корисниците на пензија и другите субјекти во согласност со позитивните прописи, Статутот и другите акти на Здружението.

2. Поблиска соработка со Советот и Градоначалникот на општина Пехчево, заради остварување на заеднички интереси. Тука првенствено се мисли на создавање услови за работа и подобар стандард на пензионерите

3. Редовно следење на исплатата на пензиите и нивно благовремено усогласување.

4. Ќе продолжат активностите во Здружението околу формирање на матичната евиденција на пензионерите што ќе претставува основа за изготвување на социјалната карта на пензионерите од општина Пехчево.

5. Организирање на одмор во објектите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и во Рекреативните  и климатски  центри во земјата

6. Заради рекреација на пензионерите ќе се организираат еднодневни излети низ Републиката во зависност од

асположливите средства и интерес на пензионерите;

7. Одржување на меѓусебни средби со други Здруженија;

8. Организирање и спроведување на спортски активности. Спортските активности содржат повеќе дисциплини и ќе се спроведуваат врз основа на Одлуката на Извршниот одбор и Програма на Комисијата за спорт, и тоа:
а) натпревари помеѓу членови на Здружението;
б) натпреварување на ниво на регион;
в) натпреварување на републичко ниво.

9. Социјалната политика и здравствената заштита на пензионерите ќе се остварува преку:
а) посети на болни, тешки семејни несреќи од различен вид, посета на стари лица;
б) давање на еднократна помош, согласно критериумите утврдени со посебна одлука на Извршниот одбор;
в) соработка со здравствени и хуманитарни организации,
г) организирање на трибини од областа на здравствената заштита.

10. Учество во одбележување на значајни датуми и настани од нашето минато.

11. Други тековни и актуелни прашања по потреба.
Активностите од оваа Програма ќе ги реализира Извршниот одбор на Здружението и неговите тела. Потребните средства за остварување на оваа Програма ќе се предвидат и обезбедат со финансискиот план на приходите и расходите на Здружението за 2015 година.

Програмата е отворена и ќе бидат извршени сите активности кои ќе произлезат од тековното работење, актуелни прашања и други активности од интерес на Здружението.

Претседател
Боривој Бојаџиев