Програма
П Р О Г Р А М А
За работа на органите и телата на Здружението на пензионерите Тетово за 2025г.
Активностите кои се предвидуваат во 2025 година со оваа Програма, произлегуваат од целите и задачите на здружението утврдени со Статутот на здружението и Деловникот за работа на Собранието на Здружението.
Активностите на органите и телата на Здружението во 2025 година се програмираат во две насоки и тоа:
*АКТИВНОСТИ НА СОБРАНИЕТО НА ЗДРУЖЕНИЕТО, И
** АКТИВНОСТИ НА ИЗВРШНИОТ ОДБОР И НЕГОВИТЕ ПОМОШНИ ТЕЛА.
Активности на Собранието на Здружението.
Во 2025 година, се предвидува Собранието да одржи две редовни седници и тоа:
Првата од двете редовни седници ќе се одржи во периодот Февруари-Март и втората во периодот Ноември-Декември 2025 година.
На првата седница се предвидува да се разгледаат:
1. Усвојување на Завршната сметка за материјално финансиското работење на Здружението за 2024 година, и
2.Усвојување на Извештајот на Надзорниот одбор за извршена контрола на материјално финансиското работење на Здружението за 2024 година.
На втората седница на Собранието се предвидува да се разгледаат и усвојат:
1.Извештајот за работа на органите и телата на Здружението за 2025 година;
2.Програмта за работа за 2026 година и
3.Финансискиот план за материјално финансиското работење за 2026 година.
4.Разгледување и давање мислење по акти и иницијативи покренати од СЗПМ, а кои се во надлежност на Собранието.
Активности на Извршниот одбор и неговите помошни тела.
1.Заштита и унапредување на правата и интересите на пензионерите од областа на ПИО и здравствената заштита, преку:
_ следење на остварување на правата;
_ следење на прописите од областа на ПИО и Законот за здравство;
_давање мислење и предлози по иницијативите на СЗПМ за измена и дополнување на прописите од областа на ПИО , Закон за здруженија на граѓани или евентуалното донесување на посебен Закон за здруженија на пензионери.
Рок: преку целата година
2.Унапредување и развој на Здружението, преку:
_ организирање на членството и работата на ограноците како форма на делување;
_меѓусебно поврзување на ограноците и координирање на нивната работа,
_поврзување и соработка со други здруженија и сродни организации.
Рок: постојано
3.Посебна грижа за остварување на приходите и правилно располагање со нив, согласно финансискиот план, преку наменско користење и навремено исполнување на обврските према заедницата и други правни субјекти.
Рок: преку целата година
4.Создавање на услови за работа на ограноците заради подобро нивно функционирање и остварување на нивните активности и отворање на клубови според можностите во соработка со локалните самоуправи.
_Соодветна финансиска поддршка на активностите во ограноците во рамки на финансискиот план и можностите на Здружението во тековната година.
Рок: постојана задача
5.Следење на исплатата на пензиите и нивното редовно законско усогласување.
Рок: постојана задача
6.Организирање културно забавен живот, одмор и рекреација преку:
_припрема и учество на ревии- регионални и републички,
_Прослава на меѓународниот ден на жената 8-ми Март,
_Организирање на традиционалната мултиетничка средба во Тетово,
_ Учество на средби на пензионери од програмата на СЗПМ и други пензионерски средби по покана на здруженијата со кои имаме поблиска соработка,
_Изведување ексурзии во земјата и странство со целосна или делумна партиципација на Здружението и
_ Организирање на предновогодишната средба за нашето членство со 50% партиципација на Здружението.
Рок: се утврдува во програмата на соодветната комисија
7.Организирање и спроведување на спортски активности преку:
_ избор и припрема на пензионери спортисти по дисциплини кои се предвидени со Правилникот на СЗПМ,
_мерки и активности за опремување на спортските екипи, и
_учество на Регионални и Републички пензионерски спортски натпревари.
Рок: во текот на целата година
8.Дом на пензионери:
_Рационално искористување и грижа за просторот во Домот на пензионерите и дворните површини.
_Инвестиционо одржување на Домот на пензионерите со сопствени средства и донации од домашни и странски донатори-доградба и тековно одржување,
_Мерки и активности за разрешување на имотно правните односи за земјиштето доделено со правосилно решение на Општината,
_Грижа за обезбедување нормални услови на времено сместените пензионери, оспособување на постојните простории и редовно одржување на потребите за парно или друг вид затоплување, осветление, вода и други комунални потреби,
Рок: постојана задача
9.Доделување помош на пензионерите, согласно одлуката и утврдените критериуми.
_ Утврдениот иснос за доделување на помош на пензионерите согласно годишниот финансиски план да се реализира не само преку еднократна парична помош, туку и преку други видови на помош, социјални пакети, бесплатни ексурзии и друго.
Рок: Во текот на целата година
10.Поврзување и соработка со локалните самоуправи, преку:
_непосредни контакти со градоначалниците и претседавачите на советите на општините, и
_по можност реализирање на одредбите од потпишаните меморандуми за соработка со локалните самоуправи од нашиот регион.
11.Подобрување на информирањето на членовите преку весникот ,,Пензионер плус,, и ,,Коха,, како и непосредно информирање и други форми на информирање.
12.Организирање на трибини и друг вид на предавања од здравството и здравствената заштита на пензионерите, како и други области од интерес на пензионерите.
13.Остварување на соработка со други здруженија заради размена на искуства и усогласување на некои активности;
14.Учество во одбележување на значајни датуми и настани од нашето минато:
15.Други актуелни прашања по потреба:
Програмските активности од оваа Програма ќе ги реализира Извршниот одбор и неговите помошни тела.
За остварување на оваа Програма, потребните средства ќе се планираат со финансискиот план за 2025 година, а ќе се обезбедат поголемиот дел од сопствени извори и дел како донации од локалните самоуправи и други донатори.
Програмата е отворена и ќе бидат извршувани сите активности кои произлегуваат од тековното работење, актуелни прашања и други активности од интерес на Здружението.
Програмата влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се применува од 01.01.2025 година.
Предлагач: Извршен одбор
П р е т с е д а т е л,
Селвер Мемети
