Програма

ПРОГРАМА
ЗА РАБОТА НА ЗП ВЕВЧАНИ ВО 2015 ГОДИНА

На почетокот од оваа 2015 година, Собранието на Општинското Здружение на Пензионерите од Вевчани, ја донесе својата Програмата за работа и за работата на Комисиите. Главно Програмата има за цел да го подобри социјалниот, здравствениот и животниот стандард на пензионерите, активно да се вклучат во културните и спортските активности на ниво на регион и во рамките на Републиката, согласно Статутот и Програмата за работа, да делува заеднички со сите органи и тела на СЗПМ и да ги почитува неговите ставови и одлуки.

Според претседателот на Извршниот одбор на Општинското Здружение на пензионери на Вевчани, Витомир Костојчиноски, основните носечки цели и задачи во Програмата на ОЗПВ за 2015 година, се темелат на реалните факти кои може да се реализираат, истите се приоритетни и од интерес на пензионерите, а тие се:

  • Поголемо ангажирање на пензионерите во здружението и поактивно, поорганизирано и поконструктивно работење на органите и телата согласно Статутот на здружението,

  • Соработка со Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија со посебен акцент со здруженијата на пензионери од југо-западниот регион,

  • Грижа за создавање на уште подобри услови за работа на Клубот на пензионерите,

  • Уште поголемо унапредува и продлабочување на соработката со Општината Вевчани, која и досега ги подржува во сите пензионерски активности и идеи, во рамките на материјални и други можности,

  • Во соработка со Здравствениот дом, повремено ќе бидат организирани бесплатни прегледи на пензионерите, како што се мерење на холестерол, крвен притисок, шеќер во крвта и други прегледи од приоритетен карактер,

  • Во рамките на можностите ќе се дава еднократна материјална помош на најзагрозените категории на пензионерите,

  • На покана на Локалната самоуправа претставници на здружението ќе бидат присутни на седниците на Советот, посебно кога ќе се расправа за прашања од општ интерес на Општината и на пензионерите,

  • На културен план, ќе бидат организирани изложби на слики, промоции на книги од пензионери членови на ЗП Вевчани, но и од други автори, како и други културни активности. Во блиска иднина ќе биде формирано и сопствено КУД, од пензионери од здружението, кои имаат афинитети и кои го негуваат изворниот фолклор од ова поднебје,

  • Една од приоритетните активности за кои постои голем интерес кај членството е организирање на еднодневни екскурзии, излети со посета на културни-историски и природни реткости, споменични обележја и верски објекти во републиката и во странство,

  • На спортско рекреативен план ќе учествуваме на сите регионални и републички спортски натпревари на СЗПМ во дисциплини за кои ќе пројават интерес и афинитет пензионерите-спортисти,

  • Скромно за почеток во 2013 година, за прв пат настапивме на Регионалните спортски натпревари во Струга, а во 2014 екипно на 19-те регионалните спортски натпревари во Самоков кај Македонски Брод, во екипна конкуренција во дисциплината шах. Нашата екипа ја сочинуваа: Живко Мурџески, Гаврил Бебекоски, и Симон Кукоски.

  • Пензионерите од ЗП Вевчани ќе учествуваат на сите активности на СЗПМ во граница на своите можности.

  • Програмата е од отворен карактер и може да се надополнува во текот на годината со други активности.

Април, 2015 год.

ОЗП-Вевчани
Извршен одбор
Претседател
Витомир Костојчиноски