Програма
ПРОГРАМА ЗА РАБОТА за 2025 год
Оваа програма ги содржи активностите кои во тековната 2025 год треба да ги реализира ЗП-Велес – невладина, непартиска, мултиетничка асоцијација, самостојна во организирањето на задачите како член на СЗПМ.
1.Со оваа програма ќе се реализираат активностите во областа на пензионерското организирање, значајни за корисниците на пензија во општините Велес. Чашка и Градско во соработка со главниот носител на активностите СЗПМ чиј член е Здружението на пензионери-Велес.
Во реализација на програмата учествуваат сите органи, комисии и тела на Здружението за поефикасно реализирање на Програмата може да се донесе и Оперативен план или повеќе планови за различни области.
2.Основни приоритетни задачи за ЗП-Велес во 2025 година остануваат во континуитет за остварување на социјалните потреби и интереси на пензионерите членови на Здружението, за поквалитетен и подостоинствен живот, во согласност со Стратегијата на СЗПМ.
3. Исто така ЗП-Велес ќе има соработка со органите на институциите: Фондот за ПИО, Фондот за здравствено осигурување, како и органите и службите на Општините Велес, Чашка и Градско.
4. Исто така ЗП-Велес ќе работи за подобрување на здравствената и социјалната положба на корисниците на пензија подржувајќи ги основните цели за заштита на правата на пензионерите.
5.Во соработка со СЗПМ ЗП-Велес ќе ги следи прописите и промените во условите за користење на права од пензиското осигурување и од здравственото осигурување.
6.ЗП-Велес ја следи и здравствената состојба на своите членови, ќе остварува соработка со Црвен крст, со нив ќе организира средби за едукација и акции за подобрување на здравјето на пензионерите.
7.Исто така ќе се организираат и подвижни пунктови за здравствени прегледи подржани од СЗПМ.
8.ЗП-Велес преку Комисијата за спорт и во соработка со СЗПМ ќе учествува на спортски натпревари, на општински, регионални и републички натпревар.
9.Здружението на пензионери Велес преку Комисијата за култура ќе развива културно уметничко развивање и рекреација. Пензионерите преку музичките групи и хорови ќе учествуваат на разни општински, регионални и републички средби, фестивали, манифестации како што се манифестациите „Ревија на песни, музика и игри“, „Пензионерите пеат“, како и на меѓународни дружења.
10. Преку комисијата за култура пензионерите ќе учествуваат на разни поетски читања, концерти, театарски претстави. Ќе бидат организирани и разни рекреативни екскурзии со посета на значајни историски и туристички места како земјата така и во странство.
11.Во организација на Активот на жени традиционално ќе се одржи „Блакцето на баба“. Ќе бидат посетувани стари и изнемоштени лица, деца со тешки ретки болести како и други видови на манифестации и помош каде ќе затреба. Активот на жени ќе соработува и со Активот на жени при Сојузот на ЗПМ.
12. Како невладина организација ѓе продолжи со редовно информирање на пензионерите за разни видови настани преку соопштенија, преку весникот „Пензионер плус“ и други електронски медиуми.
13. Здружението и преку своите ограноци како и преку Пензионерски клубови ќе информира за своето културно и социјално живеење.
14.Здружението и преку Сојузот на ЗПМ ќе промовира и остварува целосна поддршка на барањето зa изградба, обнова и санирање на објекти погодни за старечки домови како и помагање за заштита на незаштитени лица.
15.ЗП-Велес ќе обезбеди во Домот на пензионери Велес подобрување на санитарните јазли со инсталирани нови цевки за водовод и канализација, а заради намалување на трошоците за електрична енергија Здружението ќе инсталира фотоволтаични елементи.
16.Здружението и понатаму ќе има голема соработка со органите на локаната самоуправа за да се обезбедат простории за нови клубови на пензионери на подрачјето на ограноците во Урбаните и Месните заедници.
17.ЗП-Велес и понатаму ќе ги одбележува празниците: Први мај – Денот на трудот, 24 Мај- ден на Светите браќа Кирил и Методиј, 2 август – Ден на Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ, 8 септември Ден на независноста на Републиката, 11 октомври- Ден на востанието на револуционерната борба, Годишнина на пензионерското организирање, , 9 ноември – ден на ослободувањето на Велес од фашистичкиот окупатор, 8 декември – Свети Климент Охридски како и други празници и значајни настани од минатото на Македонскиот народ.
18.ЗП-Велес и понатаму ќе има соработка со органите и телата на СЗПМ, со општините Велес, Градско и Чашка, со месните заедници, МВР како и други организации.
19.ЗП-Велес како и досега ѓе се грижи за одржување на ограноците на своето здружение.
20.ЗП-Велес ќе продолжи и со грижа на здравјето на пензионерите, со упатување на бањско лекување како и за други лекувања согласно одлуките на Собранието
СОСТОЈБА НА СМЕТКИ НА ЗП-ВЕЛЕС – 31.12.2024 ГОД
Редовна сметка – 482 569 - ден
Солидарен фонд – 406 687 ден
Станбен фонд – 549 521 ден
Стратегија – 302 321 ден
Инвестиции – 3 189 ден
Здружение на пензионери – Велес
Претседател – д-р Веле Алексоски
