За нас

 

Според архивата, Здружението на пензионери Кичево е формирано во крајот на 1950 година , прво како синдикално друштво во составот на општинскиот синдикален совет, а како самостојно здружение на пензионери е формирано во 1956 година што го потврдува и неговиот матичен број. Денес здружението е во состав на Сојузот на пензионери на Македонија .Здружението е регистрирано според законот за Здруженија и фондации од 2010 година

Здружението на пензионерите Кичево функционира на територијален принцип на целото подрачје на општината Кичево, поделено на 11 месни ограноци од кои ограноци по делегатски пат делегираат свои пензионери во органите и телата на Здружението.

Здружението има свој статут донесен во 2018 година, усогласен според статутот на Сојузот од 2015 година.

Според статутот највисок орган на Здружението е Собранието на здружението составено од 41 делегат. На собранието се избираат и другите тела и комисии и тоа: Надзорен одбор од 3 члена, Статутарна комисија од три члена и Извршен одбор составен од 11 членови.

Собранието избира претседател, а според статутот како мулти етничка организација претседателот на Собранието се избира од Албанска националност, а претседателот на Извршниот одбор е и претседател на Здружението. Во Собранието и во Извршниот одбор е застапена националната и половата структура.

Претседател на Собранието на пензионерите Кичево е Мехмед Мехмеди Албанец наставник по професија, а претседател на Извршниот одбор е Душан Ристоски дипломиран професор историчар. Добривој Лазарески секретар и Владо Велјаноски благајник, со полно работно време.

Денес здружението на пензионерите кое ги опфаќа старосните и семејните пензионери брои над 5000 членови, а инвалидските пензионери членуваат во посебно здружение на инвалиди .

Паралелно со работата на Собранието и Извршниот одбор активно работат и повеќе комисии како :: Комисија за култура и рекреација, Комисија за спортски активности, комисија за стамбен и деловен простор, комисија за синдикално снабдување, комисија за здравствено осигурување и материјално социјална заштита и хуманитарни дејности комисија за работа со клубот на пензионери.

Меѓу , првите здруженија во Републиката ЗП Кичево, има изградено свој пензионерски дом кој е изграден во далечната 1972 година со работни простории, клуб за пензионери, мала сала за состаноци и други простории.

Во домот за пензионери се изградени и 10 гарсониери, како соби наменети за нужен смештај на пензионери со ниски пензии на кои не им е решено станбено прашање , но за жал овие простории се доста руинирани , со заеднички санитарии, без услови за лекарска и друга нега.

Зградата каде е сместено здружението на пензионери Кичево.