За нас

ЗДРУЖЕНИЕ НА ПЕНЗИОНЕРИ – КРУШЕВО
Улица Илинденска, ББ
Телефон: 048-477-107
Меил: ZP-krusevo@hotmail.com

Здружението на пензионерите - Крушево е самостојна, независна, невладина, непартиска и мултиетничка организација на слободно здружени пензионери од општината Крушево корисници на старосни, семејни и инвалидски пензии.

Здружението дејствува во интерес на остварување и унапредување на заедничките цели и интереси на сите корисници на пензија во Општината, ги штити стекнатите права од пензиското и инвалидското осигурување и се залага за поквалитетна здравствена заштита.

Здружението работи согласно Уставот, Законите, Статутот на Здружението и Статутот на СЗПМ. Здружението ги унапредува културните, спортските и хуманитарните активности на пензионерите и учествува во организираните спортски натпревари на ниво на здружение, Регион и на ниво на Сојуз, како и учествува на манифестацијата на песна, музика и игри, организира еднодневни и дводневни екскурзии со пензионерите од ограноците, доделува еднократна неповратна помош во пари и прехранбени продукти на стари и изнемоштени пензионери-ки и на ранливи категории на пензионери-ки Здружението соработува и со други здруженија и невладини организации во Општината, со локалната самоуправа, со здруженијата од Регионот и други здруженија од Републикава, со СЗПМ и друго.

Здружението на пензионерите има својство на правно лице од 20.10.1998 година и истото е регистрирано при Централниот регистар на РМ согласно Законот за здруженија и фондации. ЗП - Крушево е членка за СЗПМ

Здружението брои околу 1.660 членови - корисници на пензија, организирани во 4 ограноци и тоа:

ОГРАНОК бр. 1 Крушево кој ги опфаќа улиците: Питу Гили, Партизанска, Шула Мина,ИУлинденска, Нико Доага, 8-ми септември, Киро Фетак, Никола Карев и Острилци.

ОГРАНОК бр. 2 Крушево кој ги опфаќа улиците: Коча Миленку, Манчу Матак, Благо Целев, Таќа Бербер, Тодор Проески, Никола Гурковиќ, Мише Евтим, Томе Никле и населените места Пуста Река, Долно и Горно Дивјаци.

ОГРАНОК - СВЕТО МИТРАНИ кој ги опфаќа населените места: Врбоец, Милошево, Пресил и Бучин о

ОГРАНОК - ЖИТОШЕ кој ги опфаќа населените места: Саждево, Јакреново, Белушино, Борино, Селце, Норово, Алданци, ЈТоквени и Подвис.

Здружението располага и е сопственик на Пензионерскиот дом во кој е сместен и Пензионерскиот клуб, а клуб на пензионери има и во Бучин.

Здружението располага и со сопствен станбен и деловен простор.

Во своја сопственост здружението има и четири еднособни станови.

Со Статутот на Здружението се регулирани:

  • Името, седиштето, и правниот статус на Здружението;
  • Целите на Здружението, и дејностите со кои се остваруваат целите; Органите на Здружението се: Собрание, Извршен одбор, Статутарна комисија и Надзорен одбор Активот на пензионерките;
  • Имотот и средствата за работа на Здружението;
  • Јавност и отчетност во работата Административната и стручната служба;
  • Измените и дополнувањето на Статутот;
  • Престанокот со работа на Здружението