Инфо  

Галерии

Еколошки активности на пензионерите

23.5.2025 СЗПМ годината 2025 ја прогласи за година на еколошки пензионерски активности грижа за животната средина. Поголем број здруженија на пензионери членки на Сојузот се вклучија и во најголемиот еко-проект во нашата земја „Генералка викенд 2025“ организиран од Men end Maunten DOO.

Физикална терапија и медицинска рехабилитација по поволни услови

6.5.2025 На 4.04.2025 година во Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија се одржа средба со Прим. Д-р Василка Поповска, сопственичка на ПЗУ Специјалистичка ординација за физикална терапија и медицинска рехабилитација „Д-Р Васка” Скопје

Грижа за животната околина

23.3.2025 На 20-тата седница на Извршниот одбор на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија одржана на 13 декември 2024 година, 2025 година се прогласи за ГОДИНА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, со еколошки активности на пензионерите

Распоред за регионални спортски натпревари за 2025 год.

11.3.2025 Извршниот одбор на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, на седницата одржана на 31.01.2025 година, донесе заклучок за овластување на претседателката на Сојузот и претседателот на Комисијата за спорт за определување на домаќини и термини за одржување на регионалните спортски натпревари за 2025 година.

АМАНДМАН на Законот за измени и дополнувања на Законот за ПИО

11.3.2025 Согласно член 71 ста 2 од Уставот на РСМ, а во врска со член 150 од Деловникот од работата на Собранието на РСМ, Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија поднесе АМАНДМАН на Законот за измени и дополнувања на Законот за ПИО

Појаснување за оние на кои не им е јасно

25.2.2025 Главен и одговорен уредник на весникот "Пензионер плус" е Калина Сливовска - Андонова, а уредник е Васил Пачемски, а не е Станка Трајкова. Тоа го пишува во импресумот на секој број на весникот.

Прашања односно барања кои Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија предлага да се разгледаат на седници на советот за социјална сигурност

2.2.2025 Согласно членот 117- а од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, предлага на седници на Советот за Социјална сигурност да се разгледаaт следните прашања односно барања

Состанок со директорот на „Национални шуми“ во СЗПМ

16.1.2025 На средбата претставниците информираа дека цената на огревното и тоа за бука изнесува 3.092 ден. со ДДВ, а за даб 3.192 денари со ДДВ, набавени од склад, плус обезбедување средства за превоз.

Бесплатниот градски автобуски превоз за пензионерите во Скопје продолжува и во 2025 година

28.12.2024 Корисници на пензија кои користеле континуирано градски автобуски превоз со пензионерска картa од 300 денари не треба картите да ги валоризираат, останатите тоа треба да го направат во пунктовите во кои има можност и за фотографирање.

Записник од надворешна контрола од УЈП

16.12.2024 Врз основа на член 102 од Законот за даночна постапка („Службен весник на РМ” бр.13/06...35/18 и „Службен весник на РСМ” бр. 275/19...247/22), е изготвен Записник од надворешна контрола од УЈП

Реакција на пензионерите

14.12.2024 Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија во името на над 100 илјади пензионери кои живеат во Скопје и во другите градови остро реагира од гласините дека ќе се укине бесплатниот автобуски градски превоз во Скопје и во другите градови како нивно стекнато право.

Соработката помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување и Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија продолжува во интерес на пензионерите

13.12.2024 Директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов на 13.12.2024 година беше гостин на седницата на Извршниот одбор на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.

Македонскиот и српскиот сојуз на пензионери потпишаа Mеморандум за соработка во Белград

18.11.2024 Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија и Сојузот на пензионерите на Србија на 15 ноември 2024 година во Белград потпишаа Меморандум за соработка и размена на искуства во ин терес на материјалниот статус на пензионерите, како и за заштитата на пензионерските права, усогласувањето на пензиите и нивната редовна исплата и друго.

Известување до Здруженијата на пензионери во Скопје

1.11.2024 Пензионери кои се чувствуваат работоспособни, а сакаат да работат, со цел да си го подобрат животниот стандард и да заработат дополнителни средства покрај пензијата, можат да склучат договор на дело со домот за стари лица „Сончева куќа“

Дали се грижи општеството за пензионерите?

30.10.2024 Дали македонското општество е солидарно со пензионерите? Што правиме за да им биде секојдневието на пензионерите поведро? Дали македонското општество е солидарно со пензионерите? Дали е доволно само да се покачи пензијата? Дали тоа е единствен начин за грижа за пензионерите?

Позитивната листа е проширена со девет нови лекови

30.10.2024 Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, како и други граѓански здруженија континуирано бараат да се прошири позитивната Листа на лекови со нови современи и поефикасни на товар на Фондот за здравствено осигурување. Како резултат на тоа после цели 15 години позитивната листа е проширена со девет нови лекови.

Благодарница за Дончо Марков

24.10.2024 Дончо Марков e магистар по земјоделски науки. Тој е член на Собранието и на Извршниот одбор на здружението на пензионери на неговото матично здружение во Пробиштип.
следни 20 записи >>
Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3