Инфо  

Галерии

Изложбата “Црно бело во боја” е празник за очите за сите љубители на уметноста

13.5.2022 Во галеријата на Школскиот центар, Крањ, Република Словенија беше поставена изложба на уметничка фотографија на тема “Црно бело во боја“, од познатиот македонски фотограф проф. Д-р.Цветан Гавровски

На Клубот на љубители на книгата при ЗП „Солидарност-Аеродром“, Скопје.

5.5.2022 По скоро двегодишна пауза поради пандемијата Ковид-19, Клубот на љубители на книгата при ЗП „Солидарност-Аеродром“, Скопје, на 29. 04. 2022. година реализираше промоцијата на книгата „Раскази и раскажувања“, од познатиот новинар, публицист и општественик Драги Аргировски

Демант по повод написот во „Слободен печат“ од 15.4.2022

26.4.2022 ЗП Гази Баба ги демантира изјавите на г-динот Илија Николовски

Прва емисија „Трето доба“ на МТВ1

31.3.2022 Емисијата оди секоја втора сабота од 13:20 часот на МТВ1

Известување за претседателите на Здруженијата на пензионери членки на СЗПМ

20.3.2022 Доколку имате потреба од информација за одредени прашања потребните одговори во секое време може да ги добиете од Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија

На „ЗЕЛНИКОТ НА БАБА“ се дружеа над 4 000 посетители

20.3.2022 По две години пауза, поради пандемијата со ковид 19 во самото предвечерие на пролетта, се одржа 9-тото издание на една од најатрактивните етнонастани „Зелникот на баба“, манифестација што ги надмина сите очекувања

Средба со исклучително значење за пензионерите

17.3.2022 Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на 7 март оствари работна средба во просториите на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија со раководството на Сојузот

Хуманоста и грижата за членството најважни

15.3.2022 Ние сме едно од поголемите здруженија на пензионери, членки на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, со нешто повеќе од 14 450 членови

Промените околу нас и светот

10.3.2022 Зачекоривме во 2022 година и случките не престануваат да се случуваат многу бргу. Од познатата сентенца: „Ниеден пророк не е мил во земјата своја“, доаѓаме до една друга исто многу важна: „Ќе дојдат времиња кога ќе имате и по 100 пророци дома“

Средба на претседателот на државата Стево Пендаровски со претставници на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија

5.3.2022 На 4-ти март 2022 година Претседателот Стево Пендаровски прими претставници на Сојузот

27 средба на Републичката манифестација „Блакцето на баба“

4.3.2022 На 3 март во ресторанот „Бела вода“ на Велешко Езеро беа одбележани 27 години од постоењето на Републичката манифестација при Здружението на пензионери - Велес „Блакцето на баба“.

Донесени времени одлуки за санирање на состојбите за исплаќање на посмртна помош

1.3.2022 Одборот донесе едногласна одлука висината на задршката за солидарен фонд-посмртна помош се определува во износ од 150 денари почнувајќи со исплатата на пензијата за месец февруари

Донесени констатации и заклучоци

8.12.2021 Координативното тело на активите на пензионерки во проширен состав со претседателките на активите на пензионерки од здруженијата на пензионерки одржа седница на која беа усвоени Извештајот за 2021 и Програмата на ова важно тело на Сојузот. Седницата се одржа на 24.11.2021 година

Педесетина години со убавата малешевска песна

7.12.2021 Кога се прави ретроспектива на интерпретаторите на убавата малешевска песна во изминатиот период, неодминливо е името на Борис Грковски од Берoво кој веќе педесетина години ја афирмира убавата македонска и малешевска песна на сцените во Македонија и регионот.

Значајна седница на Издавачкиот совет

1.12.2021 На 29.11.2021 година се одржа седница на Издавачкиот совет. На неа беше предложен и едногласно усвоен дневниот ред: • Активности на Издавачкиот совет во 2021 година, како и донесување правила, планови и насоки за работа во наредниот период; • Извештај за финансиска поддршка на издавачка дејност и творештво; • Информираност на членството преку весникот „Пензионер плус“ и весникот „КОХА“, веб-страницата и други медиуми во текот на 2021 и планови за 2022 година.

Известување

13.11.2021 Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија како граѓанска организација, легитимен и автентичен претставник на пензионерите, редовно го следи усогласувањето на пензиите преку кој механизам се одржува реалната вредност на пензиите.

Достоинствено одбележан големиот пензионерски јубилеј

30.10.2021 На 20-ти септември Денот на пензионерите, со Свечена седница на која присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, директорката на ФПИОСМ Билјана Јовановска, членови на Собранието и на Извршниот одбор на Сојузот, претседатели на здруженијата на пензионерите и други, свечено и достоинствено беше одбележан големиот пензионерски јубилеј, 75 години од пензионерското организирање односно од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, најмасовната мултиетничка организација во нашата земја, во која членуваат над 280 000 пензионери.

Парична помош на 90 пензионери

28.10.2021 Со одлука на надлежните органи на Здружението на инвалиди на трудот и корисници на инвалидска пензија Тетово, на 90 пензионери им се доделени парични средства. На 60 од нив, како што не информираше претседателот на ЗИТ КИП Тетово, Гидо Бојчевски, доделени се еднократни помошти по 2 000 денари, додека на останатите по 1000 денари.

Наградата „Наџи Нааман“ за Васил Тоциновски

27.10.2021 Меѓународната книжевна награда „Наџи Наaман“ е ново признание за македонскиот писател и научен работник Васил Тоциновски. Станува збор за признанија кои се доделуваат во повеќе категории и што имаат своја традиција и континуитет деветнаесет години
<< претходни 20 записи следни 20 записи >>
Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3