Инфо  

Галерии

Усогласување на пензиите според новата методологија

23.9.2022 Со исплатата на септемвриската пензија, усогласувањето на сите пензии изнесува 6,8%. Вака зголемената пензија преставува основица за наредното усогласување на пензиите.

Ден на пензионерите на Македонија - 20 септември

20.9.2022 Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија го одбележува на пригоден и достоинствен начин Денот на пензионерите на Македонија - 20 септември

26 –ти Републички пензионерски спортски натпревари - Охрид 2022

16.9.2022 На 14 септември во Охрид, градот на македонската писменост и просветителство, градот на светите Климент и Наум, се одржаа 26 –ти Републички пензионерски Спортски натпревари

Пензионерите се наш приоритет

19.8.2022 Финансиската состојба на Фондот е стабилна а со тоа и реализацијата на приходите се спроведува согласно со планираната динамика на редовно ниво. Исплатата на пензиите се врши редовно, дури и предвремено, практика од вонредната состојба со пандемијата

Фолклорни активности

18.8.2022 Фолклористите при ЗП Куманово во јуни беа учесници на 13-тиот Меѓународен фестивал на фолклорот чиј организатор и домаќин беше здружението на пензионери од Лесковац. Покрај домаќините учесници на фестивалот беа и пензионери од Перник од Р Бугарија, КУД Ѓоко Симоновски од ЗП Куманово, како и гости од Књажевац, Врање, Бор и Неготин од Р Србија

Промоција на книга „Живот во плетеница”

15.8.2022 На 09.08.2022 година, во организација на Здружението на пензионери Сарај, се промовираше книгата со наслов „Живот во плетеница” од авторот Митат Синани. Промоцијата се одржа во Клубот на здружението

Наградата „Гран-при“ за КУД „Далги“ на фестивалот „Илинденски денови“

4.8.2022 КУД „Далги“ при ЗП Охрид и Дебрца годинава учествуваше на 52. републички фолклорен фестивал „Илинденски денови“ во Битола. Мотото на фестивалот кој траеше од 18 до 29 јули 2022 година, беше „Од корените до цветот“, а организатор е Центарот за култура од Битола

Подобрување на квалитетот на животот на највозрасните преку усогласување на пензиите и други мерки, е мој приоритет

21.7.2022 Грижата за нашата највозрасна популација, пензионерите, е еден од приоритетите на Владата на Северна Македонија и Министерството за труд и социјална политика. За тоа потврдува и фактот, што една од првите мерки кои ги реализиравме од доаѓањето на овој владин состав е растот на пензиите со цел подобрување на квалитетот на живот на старите лица.

Разговор со новоизбраниот претседател Бранко Шемов

3.7.2022 Како врвен приоритет ќе ни биде изградбата на пензионерски дом на парцелата која се наоѓа кај споменикот на народните херои Киро Крстев и Димче Мирчев

Пандемијата не изретчи но, не нe уништи

30.6.2022 Пред крајот на минатиот месец мај 2022 година, во Прилеп се одржа заедничка средба на извршните тела, односно одборите на здруженијата на пензионерите од Битола и Прилеп

Актуелни состојби со исплатата на солидарниот фонд – посмртна помош

22.6.2022 Висината на задршката на посмртната помош и висината на исплатата на посмртната помош во единствен износ за сите корисници на пензија со акт ги утврдува Регистрираната организација на четирите сојузи на здруженија на пензионери.

Очекувано усогласување на пензиите

20.6.2022 Во последно време интересот за зголемување на пензиите е значително присутен во јавноста, особено кога престана исплатата на додатокот 1.000 денари со исплатата на јунската пензија

Добра здравствена заштита е приоритет за пензионерите

18.6.2022 Во врска со оваа проблематика во организација на СЗПМ се одржа состанок на претседателите на комисиите за здравство во здруженијата, членки на Сојузот, од скопските здруженија и на ЗП Тетово и ЗП Велес

Добрата соработка дава добри резултати

15.6.2022 На 15 јуни 2022 година во просториите на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија се одржа средба на која присуствуваа генералниот директор на Фондот на ПИОСМ Дритан Беџети и Боро Варошлија, претседател на Управниот одбор на Фондот, а од страна на Сојузот, претседателката на Сојузот Станка Трајкова

Jунски наратив

10.6.2022 Многу говориме и зборуваме, оттука наратив. Кога за една работа ќе почне многу да се говори, се претвора во наратив. И навистина ќе слушнеш и прочиташ, а богами и чуеш многу наративи.

Димитар Свилар со 195 крводарувања е рекордер во Охрид

27.5.2022 И годинава на пригоден начин беше одбележан Денот на крводарителството, на Црвениот крст на Македонија, и 77 години постоење на Црвениот крст на Охрид

Пензионери ентузијасти

26.5.2022 Селото Умлена се наоѓа во Општина Пехчево и брои околу 250 жители, кои се занимаваат со земјоделство и сточарство, а поголем дел од нив работат во фирми во Берово и Пехчево

За пишувањето и за тие што пишуваат

25.5.2022 За да пишува некој добро, тој треба да е и добар мислител. Целите за пишување се разликуваaт. Некои пишуваат за себе, некои пишуваат за пари, некои пишуваат за одредени нечии цели, а некои постојано бараат публика, внимание и содржина за својот празен без содржина живот.

Оглас за финансиска поддршка за поттикнување издавачка дејност и творештво

20.5.2022 На седницата одржана на 3.5.2022 година, ИО на СЗПМ донесе одлука за финансиска поддршка за поттикнување издавачка дејност и творештво, во согласност со Програмата и Финансискиот план за 2022 година на Сојузот
<< претходни 20 записи следни 20 записи >>
Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3