Инфо  

Галерии

Обраќање на претседателката на СЗПМ, Станка Трајкова на 11-тата Републичка пензионерска ревија на песни, музика и игри

23.6.2021 Обраќање на претседателката на СЗПМ, Станка Трајкова на 11-тата Републичка пензионерска ревија на песни, музика и игри одржана на 23.6.2021 година во Скопје на која присуствуваше и ги поздрави присутните Премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев.

Оглас за финансиска поддршка за поттикнување издавачка дејност и творештво

22.5.2021 На седницата одржана на 18.5.2020 година, ИО на СЗПМ донесе одлука за финансиска поддршка за поттикнување издавачка дејност и творештво, во согласност со Програмата и Финансискиот план за 2021 година на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија

Со стабилизирање на состојбата со пандемијата, ке се стабилизира и исплатата на посмртна помош

21.5.2021 Врз основа на донесената Одлука бр 02-02/847 од Одборот на Регистрираната организација за солидарен фонд и членарина, е одредена висината на задршката за солидарен фонд која изнесува 120 денари, како и висината за исплата на посмртна помош во износ од 30.000 денари.

Мало здружение со резултати за пример - отворени 2 клуба

20.5.2021 ЗП Дојран е мало здружение кое може да им служи за пример на многу поголеми здруженија со своите активности на секој план. Активностите се благодарение на сите членови и на раководството, а особено на Општина Дојран и градоначалникот Ангов со кој имате одлична соработка. Клубот е многу убаво уреден и во него ќе ги поминувате вашите пензионерски денови. Продолжете и понатаму по патот по кој чекорите.

Средба која ветува плодна и успешна соработка

18.5.2021 Пред сe сакам да ви кажам дека министерството се грижи за проблемите на сите граѓани, а меѓу нив важно место имаат пензионерите и луѓето од третата доба, особено сега за време на пандемијата. Пензионерите не се заборавени ниту во пакетите, ниту како ранлива категорија за приоритет при вакцинација против коронавирусот.

Вакцинација во старските домови

15.5.2021 Одреден број од станарите добиле само прва доза, а некои ги добиле двете дози од вакцината. Исто така, се вакцинира и персоналот вработен во домовите. Вакцинацијата е извршена на лице место во самите домови од тимови на мобилни екипи за вакцинирање.

Известување

20.4.2021 Согласно Законот за перење пари и финансирање тероризам утврдена е обврска за запишување на вистински сопственици во Централниот регистер на Република Северна Македонија. Исполнувањето на оваа обврска покрај другите правни субјекти, ја имат и здруженијата фондациите и сојузите.

Осврт во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата

27.3.2021 Во последните денови меѓу пензионерите се појавија реагирања дека прописите во врска со издавање на возачката дозвола се измениле и дека на старите лица вклучувајќи ги и пензионерите нема повеќе да им се издава дозвола со навршување на 80 години возраст

Средба со градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу

24.3.2021 Претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионери на Македонија Станка Трајкова, заедно со делегација од ЗП Чаир, на 10 март 2021 година оствари средба со градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, кој беше запознаен со тековните активности на Сојузот и со секојдневните проблеми со кои се судираат пензионерите од ЗП Чаир

Соработката е на посакуваното ниво

15.3.2021 Грижата на пензискиот фонд не престанува со добивање на решение за пензија, туку продолжува во постапката при остварување на правата, исплатата на пензиите, исплатата на посмртната помош, на уточнување на податоците за собирање членарина и воопшто унапредување на пензискиот систем.

Споменување на истакнатиот македонски поет Чедо Јакимовски

11.3.2021 Деновиве во Кратово беше одбележана 81-годишнината од раѓањето и 28-годишнината од смртта на истакнатиот македонски поет од Кратово Чедо Јакимовски.

Халкбанк

2.3.2021 Халкбанк АД Скопје како носител на платниот промет има развиено брз, ефикасен и квалитетен систем за извршување на платниот промет, како една од основните функции во банкарското работење, со што на своите клиенти им нуди услуга согласно нивните потреби

Посета на министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче на СЗПМ

19.2.2021 Покрај висината на пензијата здравствената заштита е една од најважните работи за многубројната пензионерска популација во нашата земја, но и секаде во светот.

Соопштение

19.2.2021 На 23.2.2021 година на линијата „Ало-пензионерски прашања“ во Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, од 10-12 часот на пензионерски прашања ќе дава одговори в.д. директорката на Фондот на ПИОСМ, Билјана Јовановска.

Наградата „Гоцева мисла“ за проф. д-р Васил Тоциновски

18.2.2021 Признанието го доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“, а лауреатите го добиваат за нивниот придонес во културолошката мисија, развојот и негувањето на културата, уметноста, науката и етиката

Солидарност на македонските пензионери

18.2.2021 Извршниот одбор на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија на седницата одржана на 2021 година донесе одлука да се донираат 100.000 денари на пензионерите од Петриња

Книгата „Записи од мојот живот“ на Тодор Илиев

18.2.2021 Сведоштво за човекот и неговиот живот не се убавите зборови, туку големите и добри дела. Потврда на ова златно правило што произлегува од искуството на човештвото е и книгата на пензионерот Тодор Илиев

Соработката секогаш дава резултати

12.2.2021 На 11.2.2021 година Лазе Танески од Охрид, пратеник во Собранието на РС Македонија го посети ЗП Охрид и Дебрца и оствари работна средба со претседателот на Здружението Ѓорѓи Трпчески и секретарот Стефан Владимиров

Соопштение

28.1.2021 Се известуваат корисниците на пензија дека од 1.1.2021 година пензиите се усогласија за 1,2 % според порастот на индексот на трошоците на живот во второто полугодие од 2020 година. Исплатата на вака зголемените пензии е засметана во висината на јануарските пензии за 2021 година. Усогласените пензии за 1,2 % ќе бидат исплатувани се’ до следното усогласување на пензиите.

Со слога се постигнуваат подобри резултати

24.1.2021 И покрај пандемијата и вирусот Ковид-19, минатата година оценета е како доста успешна, бидејќи се водело сметка многу пензионери да ја одржуваат својата здравствена состојба и да учествуват во разновидните активности, спроведувајќи ги здравствените мерки
<< претходни 20 записи следни 20 записи >>
Страници на здруженија
 
  copyright © SZPM | изработено од Medium 3